Селекторот на Англија Герет Саутгејт изјави дека е „малку веројатно“ тимот да го исполни барањето на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) сите учесници на претстојното Светско првенство да се концентрираат само на фудбалот, поради загриженоста за човековите права и почитувањето на ЛГБТК+ заедница во Катар.
Домаќинот на Светското првенство се соочува со остри критики поради прашањата за човековите права, условите во кои работат печалбарите, но и ЛГБТК+ популацијата, бидејќи хомосексуалноста е забранета во Катар.
Амбасадорот на Светското фудбалско првенство во Катар, Калид Салман, во вторникот ја нарече хомосексуалноста „ментално оштетување“.
ФИФА неодамна им пиша на учесниците на Светското првенство барајќи од нив „сега да се концентрираат на фудбалот“, наместо на контроверзите што го одбележаа формирањето на турнирот.
"We stand for inclusivity, and we're very strong on that."
Gareth Southgate says 'we would like to focus on the football', adding the England squad has been "very clear" on the human rights challenges and LGBT issues around the World Cup.https://t.co/oc0ugxfvQe
📺 Sky 501 pic.twitter.com/t6exfLLeZh
— Sky News (@SkyNews) November 10, 2022
Запрашан дали националниот тим ќе го почитува барањето на ФИФА да не се зборува за загриженоста за човековите права во Катар, Саутгејт одговори:
Мислам дека тоа е малку веројатно“, објави Скај.
„Спротивно на една или две забелешки во изминатите неколку недели, ние зборувавме за предизвиците во однос на човековите права и нашиот став беше многу јасен. Би сакале да се концентрираме првенствено на фудбалот, ова е карневалот на фудбалот, она за кое работите цел живот. „Не сакате тоа да се намали со се друго што се случува, но мислиме дека ќе бидеме во таква ситуација“, рече тренерот.
Капитенот на Англија, Хари Кејн ќе ја носи капитенската лента во боите на знамето на виножитото во Катар.
„Ние се залагаме за инклузија и таму сме многу, многу силни. Мислиме дека тоа е важно за сите наши навивачи и ги разбираме предизвиците што ги носи овој турнир. „Да не беше силата на таа заедница, немаше да бидеме европски шампиони во женска конкуренција и затоа ни е многу, многу важно“, изјави Саутгејт.