Капитенот на Англија, Хари Кејн се повреди против Иран. Сепак, тренерот Герет Саутгејт потврди дека напаѓачот на Тотенхем ќе биде подготвен за натпреварот од второто коло против САД.
–Хари е добро. Тренираше одвоено од групата, но ќе биде подготвен за петок – изјави Саутгејт.
Сепак, изгледа дека другиот Хари бил повеќе загрижен. Мегваер мораше да го помине протоколот за потрес на мозокот, но како што вели тренерот се чувствува многу подобро.
-Не се чувствуваше добро, а тоа се одрази на неговиот вид. Имаше стравувања дека се работи за потрес на мозокот, но за среќа не беше ништо сериозно.
Англија е лидер во групата Б и во петок во второто коло ќе се соочи со САД.