ФУДБАЛ

Саутгејт кажа кои се проблемите на Англија во пресрет на првиот натпревар на Светското првенство

Двајца играчи сигурно ќе го пропуштат првиот натпревар на Англија на Светското првенство во Катар. Станува збор за Џејмс Медисон и Кајл Вокер. Веста ја потврди селекторот Герет Саутгејт.

„Трите лава“ стартуваат против Иран. Натпреварот е утре од 15 часот. Останатите селекции во групата се Велс и САД.

„Малку е рано за Кајл Вокер, но тој добро се опоравува. Џејмс не можеше да тренира откако пристигнавме и нема да може да игра утре“, објави Саутгејт.

„Треба да размислиме за многу работи при изборот на составот. Има рамнотежа во групата. Искуството во такви моменти е важно бидејќи не секој играч знае како е да се носи репрезентацијата на Англија. Понекогаш не знаете како луѓето ќе реагираат додека не се најдат во таква ситуација. Играчите како Рахим Стерлинг и Хари Мегваер се претставија на ниво под рефлекторите и се навикнати на нив да се потпираат“, додаде селекторот на Англија.