ФУДБАЛ

Саутгејт: Создаваме проблем, оставете го Мегваер на мира

Фото: Moskau , 11.07.2018 Harry Maguire (England) Kroatien - England *** Moscow 11 07 2018 Harry Maguire England Croatia England

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт ги критикуваше навивачите на неговиот тим за навреда на Хари Мегваер, кој си постигна автогол на пријателскиот натпревар против Шкотска.

Британските медиуми потсетуваат дека Мегваер со години е мета на критики од навивачите на Манчестер Јунајтед и англиската репрезентација.

Во 2019 година од Лестер пристигна во Манчестер Јунајтед за цели 70 милиони фунти, но не ги оправда очекувањата поради големиот број грешки во претходните неколку сезони.

Англија синоќа во Глазгов ја победи Шкотска со 3:1. Мегваер влезе во игра во вториот дел и си постигна автогол во 67. минута. Навивачите на Шкотска потоа до крајот на натпреварот го навредуваа англискиот фудбалер.

Британските медиуми наведуваат дека Мегваер во изминатите неколку години бил мета на критики од навивачите на Манчестер Јунајтед, англиската репрезентација, медиумите и фудбалските стручњаци во специјални емисии.

„Мегваер беше прекрасен во натпреварот викендов. Ваквата реакција е резултат на одредени луѓе надвор од тимот, кои создадоа ваква атмосфера. Прекрасно е што навивачите го одбранија против Шкотска. Тоа треба да го правиме секој ден“, рече Саутгејт.

Тој апелираше до фановите и медиумите да престанат да го навредуваат Мегваер.

„Ние им создаваме проблем на нашите играчи. Некои текстови и коментари ги исмеваат нашите играчи. Секогаш можевме да се потпреме на Мегваер во еден од најуспешните периоди во англискиот фудбал. Можам да ги разберам шкотските навивачи, тие се забавуваат, но ова што си го правиме е смешно. Оставете го на мира“, изјави Саутгејт.