Сергеј Милинковиќ Савиќ наскоро ќе го напушти Лацио и очигледно кариерата ќе ја продолжи во Англија.
Иако се поврзуваше со Јувентус, се чини дека нема ништо од тоа и дека Савиќ ќе стане член на Арсенал.
Италијанските медиуми велат дека Арсенал е подготвен да плати 50 милиони евра, додека Лацио бара 65.
Преговорите продолжуваат и сите веруваат дека допрва ќе се најде заеднички јазик.
Савиќ исто така има желба да се пресели во Арсенал и е убеден дека тоа би бил вистинскиот потег за него.
Милинковиќ-Савиќ оваа сезона одигра вкупно 44 натпревари за небесносините и постигна 10 гола со 12 асистенции, а пред Италија каде што пристигна во 2015 година играше во Белгија за Генк, а во Србија за Војводина каде и ја започна својата фудбалска кариера.