ФУДБАЛ

Се беше како од бајка за навивачите на Њукасл, но денеска доживеаја големо разочарување

Кога Њукасл му припадна на саудискиот принц Мохамед бин Салман на почетокот на октомври минатата година, започна нова ера на култниот клуб.

Навивачите на Њукасл уживаа секој ден до зимскиот преоден рок читајќи гласини за кои сите ѕвезди ќе дојдат во нивниот тим. И навистина, Њукасл посегна по засилувања, доведувајќи неколку добри и здрави, па тимот набрзо ја напушти опасната зона.

Њукасл засега успеа да опстане, а планот беше во новата сезона да се бори за самиот врв и да се бори за пласман во Лигата на шампионите. Се очекуваше да пристигнат некои мегаѕвезди, но пристигна „слетување“.

Менаџерот на клубот Еди Хау денеска изјави дека нема да има спектакуларни засилувања на лето поради финансиските ограничувања.

„Сега сум среќен со тимот, но свесен сум дека фудбалот никогаш не треба да застане. Не ми е проблем јасно и гласно да кажам што ни недостасува. Но, нема да има револуционерен преоден рок, како што мислат сите. Ние сме под строги финансиски ограничувања, а јас исто така претпочитам да формирам тим со ликови кои одговараат на тимот отколку да собирам ѕвезди“, рече Хау.

Њукасл зимава за баснословни пари донесе пет фудбалери, Крис Вуд, Бруно Гимараеш, Киеран Трипие, Ден Бурн и Мет Таргет. Вложуваните средства брзо се оправдаа, бидејќи клубот скокна на табелата и веќе има 11 бода предност пред екипите од опасната зона.

Хау ги презеде страчките кога беа во зоната за испаѓање, но сега клубот е стабилен и не треба да се грижи пред крајот на сезоната.

Да потсетиме, Салман го купи Њукасл од Мајк Ешли за 350 милиони евра, и веднаш најави создавање на моќен тим, што предизвика вистинска еуфорија кај навивачите, кои беа пред стадионот  за прослава на најголемата победа на својот тим во последните 15 години. Таа победа е, очигледно, влез на богатите Арапи во клубот.

Саудискиот јавен инвестициски фонд е вреден 320 милијарди фунти, што е повеќе од сопственикот на Манчестер Сити, шеикот Мансур, кој тежи 230 милијарди, додека Насер Ал-Хелаифи, претседателот на ПСЖ има „само“ 21 милијарда фунти.