Во тек е натпреварот од шеснаесетфиналето на шпанскиот кралски куп помеѓу Линарес и Барселона.
Домашната екипа која вообичаено се натпреварува во третата лига води со 1:0 од 19. минута.
Илијас Ахомач имаше одлична шанса за Барселона во 18. минута, не погоди, а потоа следуваше пенал.
Карнисер нафрлува од десно, а Хуго Дијаз со глава ја погодува мрежата за големото славје на домашните навивачи.
За квалитетот на Линарес доволно е да се каже дека се борат за опстанок во третата лига каде се на 14. место со 22 бода.