ФУДБАЛ

Се чека Халанд: Шестгодишен договор и вртоглава плата на маса, што ќе одлучи Норвежанецот?

Не престануваат шпекулациите каде Ерлинг Халанд ќе ја продолжи кариерата.

Според Рамон Алварез, новинар на шпанска Марка, медиум кој е многу близок до Реал Мадрид, Норвежанецот ќе добие исклучително профитабилна понуда од Кралскиот клуб.

Норвешката ѕвезда и надеж на Борусија Дортмунд е една од главните цели на Реал Мадрид, кој се чини сега е лидер во трката за доведување на еден од најталентираните млади фудбалери во Европа.

Новинарот на италијанскиот Calciomercato, Мирко Калеме, потврди дека клубот од шпанската престолнина ќе биде фаворит во борбата за трансферот на Халанд. Лос Бланкос ќе направат се за да го натераат 21-годишниот фудбалер да ја избере нивната понуда, а тоа го олеснува неговото одбивање на Манчестер Сити кој му понуди нето плата од 28 милиони евра годишно.

Точно е дека мадриѓаните не се во можност да му понудат толку пари на Норвежанецот, но самиот играч наводно е решен да игра во Шпанија. Новинарите велат дека му се допаѓа климата таму и дека доколку Реал го убеди финансиски, Халанд ќе го избере Мадрид.

Рамон Алварез објави дека Реал може да му понуди на Халанд нето плата од 20 милиони евра. На крајот би се зголемил на 25 милиони евра, колку што ќе има Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“.

Исто така, Алварез нагласи дека за Халанд е подготвен шестгодишен договор.

Ако сè се одвиваше како што очекуваа медиумите, Халанд би станал подобро платен играч од, на пример, Роберт Левандовски. Ѕвездата на Баерн Минхен заработува 23 милиони евра годишно. Но, не е познато како би изгледала неговата плата доколку Полјакот реши да се пресели во Барселона.