Холандскиот стручњак Роналд Куман може да ја напушти Барселона на крајот на сезоната.
Иако пред неколку недели неговиот престој на клупата на Барселона беше безбеден облог, работите се променија за 180 степени.
Имено, слабите резултати и игри во последно време ги разочараа челниците на Барселона, а како што пишуваат шпанските медиуми, голем дел од Управниот одбор смета дека Куман е главен виновник.
Главниот тренер е обвинет за лоши тактички решенија, како и лоши замени за време на натпреварите и се поизвесно е дека Куман ги брои последните денови на клупата на Барселона.
Сепак, и покрај големата напнатост во Барселона, првиот човек на клубот Жоан Лапорта нема да донесува избрзани одлуки, па одлуката за неговата иднина ќе биде донесена по крајот на сезоната, но шпанските медиуми веруваат дека холандскиот стручњак го дал својот дел во Каталонската гордост.
Барселона го освои Копа дел Реј, но се чини дека ќе остане без титулата во Шпанија. На последните четири натпревари, Барса освои само пет бода и моментално се на второто место на табелата со бод помалку од водечкиот Атлетико Мадрид.
Но, Атлетико има натпревар помалку, а до крајот на сезоната Барселона ќе одигра уште два натпревари, против Селта Виго на домашен терен и Еибар на гости.