Жозе Мурињо има тешко време на клупата на Тотенхем.
Португалскиот стручњак нема среќа на клупата на „Спарси“, а синоќа неговиот тим во Лигата на шампионите беше елиминиран од страна на РБ Лајпциг (3-0) во 1/8 финале.
Интересна сцена се случи по натпреварот. На прес-конференцијата, Мурињо доби зборови на утеха од еден новинар, кој му порача да се расположи.
Отпрвин, не му беше јасно на Мурињо што му говори репортерот. Ова го повтори неколку пати по што тој ја напушти собата.
На Тотенхем не му оди добро ниту во Премиер лигата. Седум бода далеку од четвртото место кое води во Лигата на шампионите и ќе им биде навистина тешко да го фатат ова место до крајот на сезоната.
Се чини дека самиот Мурињо не верува во успех.
https://twitter.com/THFCReports/status/1237520775063547905