Барселона го совлада Интер со 2-1 синоќа во натпреварот од групната фаза од Лигата на шампионите.
Каталонците ја обезбедија нокаут фазата пред овој натпревар, па Ернесто Валверде реши да одмори многу играчи од првиот состав, вклучувајќи ја и најголемата ѕвезда, Лионел Меси.
На Интер му требаше победа на овој натпревар, а по одлуката на Валверде, навивачите на Нероаѕурите сметаа дека победата не може да се доведе во прашање.
Сепак, со многу измени во првиот тим, Барселона славеше со 2:1 и со тоа го спречи Интер да влезе во нокаут фазата, па клубот од Милано сега ќе продолжи во Лига Европа.
Ернест Валверде сметаше дека мечот против Интер не е толку интересен, па на крајот реши да ги одмори очите, а камерите го снимија.
The legend Valverde knocked out Inter while sleeping pic.twitter.com/JDHPOiO7jR
— Troll Football (@TrollFootball) December 11, 2019