ФУДБАЛ

Се чини дека победите веќе не се чудо за Јунајтед туку реалност

По страшниот старт, Манчестер Јунајтед врза две последователни победи.

 

На „црвените ѓаволи“ им се потребни победи за да ја вратат самодовербата и токму тоа им успева на момците на Ерик Тен Хег.

 

Откако го совладаа Ливерпул во големото дерби на почетокот на неделата, фудбалерите на Јунајтед на гости го совладаа Саутемптон со минимални 0:1.

Во првото полувреме одлична шанса за играчите на Јунајтед кои пропуштија голем број шанси во простор од неколку секунди. Промашија Фернандес и Ериксен.

 

Решавачкиот гол беше постигнат во 55. минута. По една убава акција, Фернандеш ја испрати топката во малата мрежа.

 

До крајот на натпреварот „светците“ од југот на Англија беа поактивни и напаѓаа, но одбраната на „црвените ѓаволи“ издржа се.

 

Касемиро кој влезе од клупата ги одигра првите минути за новиот клуб. Роналдо беше меѓу резервите. Португалецот играше во последните 20 минути и не направи ништо значајно.