ФУДБАЛ

Се чини дека Рамос бил проколнат од некој откако потпиша за ПСЖ

Серхио Рамос одлучи да го напушти Реал Мадрид ова лето по 16 години.

Рамос пристигна во кралскиот клуб од Севиља во 2005 година и се очекуваше таму да ја заврши кариерата, но на крајот не можеше да се договори со Флорентино Перез за нов договор.

Искусниот дефанзивец одлучи да го напушти Реал Мадрид и да најде среќа во друг клуб, па го избра ПСЖ.

Рамос потпиша двегодишен договор со Парижаните и минатиот месец беше претставен како ново засилување, но сеуште нема дебитирано за својот нов клуб.

Шпанскиот фудбалер има проблеми со повредата и физичката подготвеност, поради што се уште не е во конкуренција за натпреварот. Се очекуваше да дебитира веднаш по паузата во репрезентацијата, но тоа нема да се случи.

35-годишниот фудбалер се уште е надвор од Париз, а Л’Екипи објави дека Рамос утре сигурно нема да игра против Клермонт.

Исто така, како што стојат работите, тој ќе го пропушти првото коло од новата сезона во Лигата на шампионите во кое ПСЖ ќе игра на гости против Клуб Бриж.

Л’Екип наведува дека Рамос се опоравил од повредата што ја имал, но дека едноставно не е во најдобра физичка кондиција.