На главните спонзори на Манчестер Јунајтед не им се допаѓа идејата најпрофитабилниот маркетиншки фудбалер да го напушти „Олд Трафорд“.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Манчестер Јунајтед наводно е под голем притисок од спонзорите да го задржи Кристијано Роналдо.
Претходните денови се појави вест дека славниот Португалец изразил желба да го напушти клубот доколку се појави соодветна понуда и покрај тоа што има една година од договорот. Роналдо наводно е разочаран од неактивноста на Јунајтед во преодниот рок, па повеќе би сакал да игра во Лигата на шампионите следната сезона.
Сепак, главните спонзори на Јунајтед сега вршат притисок врз клубот да го задржи 37-годишниот ас.
Според англиските медиуми, спонзорите бараат и на Олд Трафорд, бидејќи помогнале да се финансира преголемата плата на Роналдо – проценета на 500.000 фунти неделно (околу 600.000 евра) – и сакаат да имаат корист од значителната комерцијална вредност на Кристијано за време на неговата двегодишен договор.
Челниците на клубот се најдоа во незавидна ситуација, бидејќи фудбалерот сака да го напушти клубот, а наводно новиот менаџер Ерик Тен Хаг „нема да плаче“ доколку Португалецот го напушти „Олд Трафорд“.
Од маркетиншка страна, управата би сакала да го задржи Роналдо, но се обидува да избегне ситуацијата да прерасне во долготрајна борба помеѓу клубот и играчот.
🚨 Manchester United’s main sponsors are pressing the club to keep hold of Cristiano Ronaldo this summer.
(Source: Daily Star) pic.twitter.com/jCuueZbxyu
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 9, 2022