Поранешниот германски репрезентативец Месут Озил ќе се врати во Турција.
Арсенал сакаше да се раздели со Озил уште пред летото, па искусниот играч за врска сега најде клуб. Тој ги договори сите детали и потпишува три и пол години со Фенербахче.
Екипите на МЛС и Фенербахче беа најголемите кандидати да го донесат Озил, а желбата на играчот беше да се врати во Истанбул.
Озил сподели фотографија од Инстаграм на социјалните мрежи минатата вечер, а потоа исто така навести дека ќе се врати дома.
Фенер немаше најдобар старт на сезоната и се очекуваше дека тие ќе направат промени за време на зимската пауза, а доаѓањето на Озил може да биде вистинскиот потег, без оглед што овој фудбалер не играше во Арсенал во последно време.
Секој знае каков мајстор е тој и доколку ја фати вистинската форма во Истанбул, навивачите на Фенербахче ќе уживаат …
This city … 🙌🏼🇹🇷 #throwback #Istanbul pic.twitter.com/6gani0scjL
— Mesut Özil (@M10) January 5, 2021
32-годишниот играч за Реал Мадрид, Вердер, Шалке пред Арсенал … Тој постигна 23 гола на 92 натпревари за сениорската репрезентација на Германија.