ФУДБАЛ

Сè е готово: Кавани потпишува за Бенфика до крајот на неделава!

Откако му истече договорот со ПСЖ, многу клубови се распрашуваа за услугите на Единсон Кавани.

Го преселуваа одличниот Уругвајец во разни клубови, а се чини дека оваа трансфер сага ќе заврши наскоро.

Имено, како што пренесува угледниот Фабрицио Романо, сè ќе заврши до крајот на неделава, а Кавани ќе потпише договор со Бенфика.

На Кавани му беше понуден договор од управата на Бенфика до 2023 година, а ќе заработува десет милиони евра неделно.

Според Романо, фудбалерот се согласил на овие услови, а целиот трансфер треба да биде завршен до крајот на неделава.