Сагата околу трансферот на Роберт Левандовски влезе во завршниот чин.
Левандовски во понеделникот вечерта пристигна во Минхен без своето семејство, што е јасен знак дека повеќе нема да се гледа во Баерн.
Германските медиуми пренесуваат дека големиот Полјак пристигнал во главниот град на Баварија само за да се збогува со поранешните соиграчи и клупското раководство.
„Добро сум“, беше кусиот одговор на прашањето што новинарите на Билд му го поставуваа на најдобриот стрелец на Баерн долги години.
Lässig in türkiser Hose und mit Sonnenbrille: Robert Lewandowski ist wieder in München! pic.twitter.com/ociGbE062o
— Heiko Niedderer (@itstheicebird) July 11, 2022
Во меѓувреме од Полска пристигна вест според која трансферот на Левандовски во Барселона е готова работа.
Двете страни конечно се договорија. Баерн ќе добие 50 милиони евра, а Лева ќе потпише тригодишен договор со Каталонците со опција за продолжување на уште една сезона.
Како што стојат работите на Ноу Камп, одличниот стрелец ќе биде претставен најдоцна во четврток додека не се завршат сите бирократски пречки.
Тоа значи дека Чави ќе го добие играчот кој го посакуваше со месеци. Она што е најважно е што Полјакот ќе биде достапен за време на американската турнеја и ќе може да го игра со тимот.