Аргентинскиот напаѓач Лаутаро Мартинез (22) кој оваа сезона забележа одлучни партии во дресот на Интер, одби да го продолжи договорот со италијанскиот клуб. Сега е јасно дека кариерата сака да ја продолжи во Барселона.
Според италијанските медиуми, по ова јасно е дека „врската“ помеѓу Интер и Лутаро е готова и дека треба да се најде модул како да се извлече најдоброто од неговата продажба.
Неговата откупна цена е 111 милиони евра, според одредени информации, Интер бара 90 милиони во кеш, трансфер на Артуро Видал во Милано и плус едногодишна позајмица на Антоан Гризман. На потег е Барселона.
За услуите на Лаутаро Мартинез има интерес и од Манчестер Сити и Челзи, а актуелниот договор му истекува во 2023-та година.