Сè е подготвено за вистинска борба помеѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс.
Вечерва беше направено мерење во Лос Анџелес пред пресметката на двајцата легендарни боксери и двајцата изгледаат навистина одлично.
Легендите на боксот, кои имаат 54 и 51 година, повторно ќе влезат во рингот, но тие ќе имаат малку подруги правила.
Тоа ќе биде натпревар од осум рунди.
Секоја рунда ќе биде 60 секунди, многу поразлична од вообичаените рунди во боксот.
Тајсон влегува во овој натпревар со скоро 100 килограми, а Jонс, пак, тежел 95,2 килограми.
Tyson (220.4) x Jones Jr. (210) faceoff pic.twitter.com/WuAlHithOH
— Ariel Helwani (@arielhelwani) November 27, 2020
https://twitter.com/i/status/1332454525320441856
Натпреварот што сите со нетрпение го очекуваат на програмата е ноќта од сабота кон недела. Главната програма започнува во 3 часот по наше време.