Пауло Фонсека може да ја напушти клупата на Рома на крајот на сезоната.
Раководството на римскиот тим сериозно размислува да ја прекине соработката со португалскиот стручњак, а според медиумите во Италија, неговото место на клупата на Вучица би можело да го заземе Маурицио Сари.
Сари е без работа од минатата година откако беше отпуштен во Јувентус. Сепак, тој се уште е под договор и редовно прима плата од тимот од Торино.
Сепак, доколку договорот беше раскинат, Јувентус ќе му платеше 2,5 милиони евра и тоа многу лесно може да се случи на крајот на оваа сезона.
Агентот на Сари, Фали Рамадани веќе спроведе преговори со челниците на Рома и се очекува Сари да го преземе управувањето со римскиот клуб од следната сезона.
Покрај Рома, Сари се поврзуваше и со Фиорентина и Фенербахче.