Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен доживеа срцев удар на отворањето на Европското првенство на мечот меѓу Данска и Финска, но денес изгледа добро.
Играчот од средниот ред на Интер падна во текот на првото полувреме, но неговиот живот беше спасен благодарение на брзата реакција на соиграчот Кајер и на медицинската служба. Има инсталирано дефибрилатор што ќе ја регулира работата на неговото срце во иднина, и затоа не може да игра во Италија.
Во средината на месецот, Ериксен треба да отпатува во Милано за да се збогува со соиграчите и евентуално да направи медицински тестови. Не е исклучено да го отстранат неговиот дефибрилатор и да ја продолжат кариерата без никакви проблеми.
Ериксен стана член на Интер во 2020 година и постигна осум гола на 60 натпревари за „нероазурите“.
Сега, три недели по немилиот настан, во јавноста се појави првата фотографија од Ериксен.
Судејќи според фотографијата, Ериксен изгледа добро, насмеан е и позитивен, па се надеваме дека неговата состојба наскоро ќе биде уште подобра и дека повторно ќе го гледаме на теренот.
Данските фудбалери издржаа сè во чест на Ериксен, а денес играат четвртфинале на Евро против Чешка и многумина ќе го поддржат нивниот пласман во полуфиналето, каде би ги пречекал победникот од мечот Англија – Украина.
View this post on Instagram