Фудбалскиот клуб Челзи повторно е во потрага по нов менаџер, а моментално прв пик е Луис Енрике.
Јулијан Нагелсман беше реална опција, но Германецот наводно нема да превземе ниту еден тим до крајот на сезоната, бидејќи на крајот на краиштата, тој е на платен список на Баерн додека не најде нов клуб.
Луис Енрике неодамна зборуваше за тоа како е многу возбуден што ќе работи во Премиер лигата, која е „најсилната во светот“, дополнително поттикнувајќи го потенцијалното доаѓање.
Челзи сака навреме да реагира, можеби и пред мечот со Реал во Лигата на шампионите кој е закажан за следната недела, но прашање е дали ќе има доволно време да го доведе големото име.
Луис Енрике го напушти кормилото на шпанската репрезентација по елиминацијата на Светското првенство во осминафиналето и е подготвен да му се врати на клупскиот фудбал.
Други опции во моментов не се ни споменуваат, само ако Нагелсман попушти, но тоа не изгледа толку реално веднаш по отказот…
