ФУДБАЛ

„Се надевам дека си седите и дека имам погрешни информации за Рашфорд“

Манчестер јунајтед се наоѓа во големи проблеми пред продолжувањето на сезоната.

Најдобриот стрелец на „црвените ѓаволи“ оваа сезона, Маркус Рашфорд, може пропушти неколку месеци поради проблеми со грбот.

Оваа вест ја објави новинарот на „Гардијан“, Даниел Харис …

„Се надевам дека си седите и дека имам погрешни информации. Маркус Рашфорд има сериозни проблеми со грбот и ќе биде надвор од теренот за неколку месеци. Претпоставувам дека тоа се случува кога го носиш целиот тим на грб“.

Ако оваа вест се испостави дека е вистинска, ова ќе биде силен удар за „црвените ѓаволи“, бидејќи Рашфорд беше навистина одличен оваа сезона.

Младиот напаѓач постигна 19 гола на 31 натпревар и неговото отсуство сигурно ќе се почувствува.