ФУДБАЛ

Се напиле, направиа сообраќајка и ја завршиле сезоната на капитенот

Англиските фудбалери често знаат да водат боемски живот.

Огромните пари што ги заработуваат ги прават многу арогантни и расипани, а тоа што им се случи на фудбалерите на Дерби, е уште еден доказ.

Неколку играчи на овој тим не ја испочитуваа клупската постапка и го продолжија престојот во градот во вторникот вечерта. Клубот им даде можност да излезат до 8 часот, но неколкумина ги прекршија условите.

Меѓу нив беше и капитенот на тимот, Ричард Кеог, кој остана со соиграчите Том Лоренс и Мејсон Бенет.

Имаа тешка сообраќајна незгода при враќањето дома. Лоренс ја загуби контролата врз автомобилот „Range Rover“ и се судрока, а најлошо помина Кеог.

Тој го повреди коленото во оваа несреќа и за него оваа сезона за него заврши.

Треба да се напомене дека Лоренс и Бенет беа уапсени за пијано возење и клубот исто така ќе поведе постапка против нив.

Тој треба да се појави на суд на 15 октомври за предизвикување сериозна несреќа и возење под дејство на алкохол.