Кога во јули 2018 година пристигна во Барселона во трансфер вреден 42 милиони евра, Бразилецот Малком го направи трансферот на својот живот на само 21 година.
Сепак, епизодата на бразилскиот фудбалер на Камп Ноу траеше многу кратко. Се испостави дека неговото доведување од Бордо е апсолутно неуспех, но Каталонците успеаја да се извлечат и една година подоцна да го продадат на Зенит за 45 милиони евра.
Поранешниот технички секретар на клубот, Рамон Планес, бразилскиот фудбалер го смета за најголем неуспех во кариерата.
„Најголемата грешка што некогаш сум ја направил? Кога се обложив на Малком! Мислев дека ќе успее во Барселона, тој беше еден од најдобрите играчи во Лига 1. Сепак, во клуб како Барса има поголем притисок. Талент не е доволно за да се успее“.
Малком одигра 24 натпревари за каталонскиот гигант и постигна четири гола.
Планс, пак, е одговорен за доаѓањето на одличниот дефанзивец Роналд Араухо. Уругваецот денеска е еден од најважните фудбалери на „Камп Ноу“.
„Слушнав за Араухо додека работев во Хетафе. Сакав да го ангажирам таму, но кога Барселона ме ангажираше да бидам секретар на клубот, решив да го доведам таму“, изјави Планес.