ФУДБАЛ

Се очекува Зидан да го преземе раководството на големиот европски тим

Зинедин Зидан најверојатно ќе се врати на тренерскиот занает во следното издание.

Францускиот тренер не го презеде раководството на ниту еден тим откако го напушти Реал Мадрид, но се очекува такво нешто наскоро да се промени.

Според Le Parisien, Французинот е во преговори за преземање на раководството на Пари Сен Жермен.

Маурицио Покетино на крајот од ова издание ќе го напушти францускиот клуб и се очекува негова замена да биде Зинедин Зидан.

Тој никогаш не водел друг тим освен Реал Мадрид. Тој првично го презеде раководството на Шпанците во периодот 2016-2018 година, а се врати по една година 2019-2021.