ФУДБАЛ

Се очекуваат казни: Кристијано Роналдо, Пауло Дибала и уште пет други sвезди на Јувентус ја прекршија самоизолацијата

Парични казни им се закануваат на седум играчи на Јувентус затоа што ја напуштија изолацијата на клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Откако во саботата беше објавено дека двајца играчи на овој клуб се позитивни на коронавирус, Јувентус тренира во заедничка самоизолација.

Станува збор за седум играчи, имено Мерих Демирал, Родриго Бентанкур, Џанлуиџи Буфон, Кристијано Роналдо, Хуан Куадрадо, Данило и Пауло Дибала.

Демирал и Буфон решија да бидат со своите семејства, а останатите фудбалери заминаа на собирите на нивните репрезентации.