Една чудна ситуација е забележана во Холандија на петлигашкиот натпревар помеѓу Де Шутерс и ТПО.
Иако фудбалските натпревари траат 90 минути плус неколку минути надополнување, играчите на Де Шутерс и ТПО минаа пет секунди на теренот, што е нов светски рекорд, кој ќе биде потврден кога резултатот од натпреварот и конечната одлука на Фудбалскиот сојуз ќе е потврден.
Гостинот на овој натпревар дојде со седум фудбалери, меѓу кои и тренерот Тијс ван Брагт, кој овојпат беше во улога на фудбалер. Токму тој „заработи повреда“ во петтата секунда, па судијата го означи крајот бидејќи се знае дека една екипа мора да има најмалку седум играчи на теренот за да одигра натпревар.
“Не разбирам зошто го правите ова како клуб. Едноставно можевте да не дојдете и да бидете казнети. Вака не изневеривте нас и нашите навивачи”, изјавил видно разочаран тренерот на Де Шутерс, Јохан Сулкерс.
„Секако дека ја разбирам фрустрацијата на Де Шутрес, но ние сме само мал клуб, мораме да се потпреме најмногу на волонтери. Тогаш навистина не можеме да си дозволиме таква казна“, беше одговорот на гостинскиот тренер Ван Брагт.
Тој рече дека влегол од потреба да игра како седми играч, но тврди дека добил незгоден удар поради кој морал да ја напушти играта бидејќи „Веќе не сум толку млад, телото не издржува.“
“Тоа е неспортско однесување, непочитување. Срамота за аматерскиот фудбал. Никогаш не сум видел такво нешто, а веќе некое време сум во фудбалот”, изјави Јохан Сулкерс, претставник на холандската федерација.
Постои можност натпреварот да се официјализира со резултат 0:0, а тоа воедно да биде и „најкраткиот фудбалски натпревар во историјата“.
Досега рекордот го држеше мечот Реал Мадрид – Реал Сосиедад во сезоната 2004/05, кој траеше осум минути, што е далеку повеќе од мечот на холандските аматери.