ФУДБАЛ

Се одложи и дуелот помеѓу Јувентус и Лион

Откако беше одложене реваншот од 1/8 финале меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, сега е потврдено дека натпреварот Јувентус – Лион е одложен.

УЕФА потврди дека натпреварот Јувентус – Лион ќе се игра на различен датум и дека едноставно немало начин да се одигра овој натпревар на закажаниот термин.

Јувентус е во паника откако синоќа беше потврдено дека играчот на овој тим, Даниеле Ругани, има коронавирус и со право се плаши дека некој друг во тимот може да биде заразен.

Затоа, единствената одлука беше да се одложи натпреварот Јувентус – Лион, кој треба да се одигра следната недела во Торино.

УЕФА сè уште нема планови за кога ќе се играат овие натпревари и што ќе се случи со Лигата на шампионите за оваа сезона. Веројатно е дека Европското првенство ќе биде одложено за следното лето за да можат да се завршат сите клупски натпреварувања оваа сезона.