Лукас Хернандез се најде во центарот на вниманието во последните неколку недели бидејќи му се закануваа дека ќе оди во затвор.
Лукас и неговата сопруга Амелија имаа жестока расправија на улица во февруари 2017 година, па затоа судот и двајцата ги осуди на општокорисна работа од 31 ден и ги осуди на забрана за приближување од шест месеци.
Сепак, овој пар не ни помислил да се разделат. Тие штотуку се венчаа и отидоа на меден месец во Мајами.
По враќањето од меден месец, Лукас беше приведен на аеродромот во Мадрид и накратко заврши зад решетки додека Амелија не беше уапсена.
Судот во Шпанија пред десет дена донесе одлука дека Ернандез мора да оди во затвор, и дека веќе нема никаква одлука.
🚨🚨🚨 ÚLTIMA HORA | Lucas Hernández se libra de la cárcel https://t.co/094Pi9JYCP
— MARCA (@marca) October 27, 2021
Денеска се одржа ново рочиште, според кое Судот ја уважи жалбата на фудбалерот на Баерн, а извршувањето на казната е прекинато во период од четири години.
На Хернандез во следните четири години нема да му биде дозволено да направи ново кривично дело, додека суспензијата е условена со плаќање на 240 парични такси со дневен надомест од 400 евра.
Инаку, одличниот дефанзивец имаше рок до четврток, 28 октомври, да го избере затворот во кој ќе ја одлежи казната, но конечниот епилог горе-долу беше очекуван, а францускиот репрезентативец нема да заврши зад решетки.