Речиси сите спортисти се вклучени во акција за поддршка на заразените со коронавирус.
Сите се надеваат дека бројот на жртви ќе биде што е можно помал, а пораките се за секој што е во опасност.
Иван Ракитиќ одговори преку пораката што ја сними и јасно ги повика луѓето да ги следат упатствата.
„Јас сум Иван Ракитиќ и сакам да ви испратам порака од мојата куќа. Мислам дека е многу важно да се следат упатствата што ги добиваме. Мислам дека сите треба да останеме дома и да го искористиме тоа време за семејни активности. Мора да работиме и да мислиме на други работи и да им веруваме на луѓето кои се грижи за нас. Измијте ги рацете добро, избегнувајте контакт со други луѓе и ние ќе го надминеме тоа заедно. Благодарам и поздрав“, беше јасен Ракитиќ.
Претходно, истото го стори и Марио Манџукиќ преку твитер.