Лионел Меси досега имал неколку тешки противници на теренот во својата кариера, но сигурно никој не може да се спореди со Гери Медел.
Меси и Медел во минатото имаа неколку жестоки судири на теренот, а скоро секогаш кога виновник беше Чилеанецот. Последниот пат кога се судрија на теренот беше минатото лето на натпревар во Копа Америка.
Тогаш Медел го испровоцира Меси кој не беше ниту виновен ниту беше должен да добие црвен картон, а нивната кавга продолжи по мечот. Конфликтите меѓу двајцата беа многу чести додека Медел го носеше дресот на Севиља.
Но, во интервју за шпанските медиуми, Медел откри дека навистина му се восхитува на Меси како играч, но дека тој е едноставно различна приказна на теренот.
“Јас воопшто не сум во контакт со Меси. Она што се случува на теренот останува таму. Јас навистина му се восхитувам на него како играч. Имавме конфликти во минатото, но кога ќе го напуштиме теренот, сето тоа е заборавено”, рече Медел.