Коронавирусот ја „прогонува“ Италија, па требаше да се очекува дека ќе доаѓаат вести од Апенините за заразените фудбалери во Серија А.
Така, денес е потврдено дека напаѓачот на Сампдорија, Маноло Габијадини е позитивен на коронавирус.
Веднаш, 28-годишниот фудбалер беше испратен во карантин.
Сега, Габијадини , од карантин, се обрати до јавност преку неговиот профил на Твитер, уверувајќи дека е во ред.
„И мојот тест беше позитивен за коронавирусот… Сакам да им се заблагодарам на сите што ми пишаа затоа што веќе добив голем број на пораки. Ве уверувам дека сум во ред, не грижи се”, напиша Габијадини, додавајќи:
„Следете ги правилата, останете во куќите и сè ќе биде во ред“.
Бидејќи Габијадини минатиот викенд одигра натпревар против Верона, клубот ги испрати своите играчи во карантин сè додека сите не се тестираат за коронавирус.
Синоќа беше потврдено дека и дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани е позитивен на коронавирус.
Серија А, како што е веќе познато, е прекината до 3 април.