ФУДБАЛ

Се отвора стадионот на кој се играат финалето на Светското првенство во Катар

Стадионот Лусаил, каде на 18 декември во Катар ќе се игра финалето на Светското првенство, денеска ќе биде официјално отворен.

Супермодерниот објект има капацитет од 80.000 седишта и ќе биде домаќин на дури 10 натпревари на Светското првенство во фудбал.

Тука е закажан и дуелот меѓу Мексико и Аргентина, мечот за кој има најголем интерес, ако се погледне побарувачката на билети.

Официјалното отворање е закажано за 20 часот и тоа ќе биде главниот тест за функционалноста на стадионот. Ќе се натпреваруваат најуспешниот тим во Азија, Ал Хилал од Саудиска Арабија и египетскиот Замалек, најтрофејниот тим во Африка.

Стадионот е на околу 20 минути од центарот на Доха.