ФУДБАЛ

Се подготвува рез во Барселона: Пречкртани четворица, долга листа на желби, што ќе биде со Левандовски?

Барселона почна фуриозно на почетокот на есента, победувајќи во серија, а потоа се случи падот. По лошите резултати следеа финансиски неприлики и обрачот околу вратот што каталонскиот гигант треба да најде пари веќе во јануари.
Поради оваа причина, Барса направи план преку излезни трансфери. Ансу Фати, Ерик Гарсија, Андреас Кристенсен и Френки Де Јонг се пречкртани. Последниот е најголемото изненадување бидејќи испадна од составот, а со најголемата плата во клубот секако е голем товар. Де Јонг има договор до јуни 2026 година, па претстојната зима или лето е идеално време за разделба. Претходно се споменуваа Манчестер Јунајтед и Пари Сен Жермен, за повторно да се разгори интересот.
Останува да видиме кој би можел да им „закачи“ на Гарсија, Фати и Кристенсен, чии кариери се во голем пад, но некогаш беа ценети и им се предвидуваа големи работи. Сепак, тие сега се вишок на Ноу Камп. И нивните замени се веќе подготвени.
Заедно со заминувањата мора да дојдат и засилувања бидејќи така функционираат големите клубови. Приоритет се напаѓач и левото крило, па на списокот на потенцијални новајлии има неколку имиња. За крилната позиција се “пикирани“ Нико Вилијамс (Атлетик Билбао), Рафаел Леао (Милан) и Луис Дијаз (Ливерпул). Баскиецот минатото лето ја одби Барселона за да остане на Сан Мамеш, Дијаз најверојатно ќе биде тешка опција, додека Леао би можел да биде најлесната опција. Виктор Џекерес е префериран напаѓач, бидејќи Ерлинг Халанд е недостижен, а потребна е реконструкција и во таа област. Се поради инсистирањето на тренерот Ханси Флик.
Најголемиот знак прашалник е за Полјакот, пред се поради неговата возраст (36), и неговата нешто послаба форма во последно време. Флик смета дека е неопходен помлад голгетер, затоа инсистира на Џекерес, а улогата на Левандовски во тој случај би била намалена. Поранешниот ас на Баерн и Борусија Дортмунд секако е скап за седење на клупата, договорот ќе му биде активиран до 2026 година кога ќе одигра над 50 отсто од натпреварите, што е речиси сигурно. Постои можност Барселона да го пушти поради финансиски причини, но прашање е кој би го прифатил тоа. Можеби само во САД или Саудиска Арабија…