ФУДБАЛ

Се подготвува шокантен и неочекуван трансфер на Роберто Фирмино

Роберто Фирмино (30) би можел да го напушти Ливерпул до крајот на летниот преоден рок.

 

Искусниот бразилски напаѓач веќе седум години е жител на „Енфилд“, но наскоро би можела да заврши соработката меѓу двете страни.

Извесно е дека Фирмино нема да биде прв избор на Јирген Клоп оваа сезона и лесно може да се случи тој да го напушти клубот во наредниот период.

 

Турските медиуми пренесуваат дека 30-годишниот напаѓач веќе започнал преговори за трансфер во Фенербахче. Интересот на истанбулскиот гигант е огромен и Фирмино би можел да направи неочекуван трансфер.

Бразилскиот фудбалер освои апсолутно се што можеше во претходните седум години со „црвените“. Тој одигра вкупно 327 натпревари и постигна 98 голови.

Ќе видиме дали на крајот Фирмино ова лето навистина ќе ги напушти редовите на англискиот гигант, но разговорите за преселба во Фенербахче наводно се многу сериозни.

Роберто Фирмино пред Ливерпул го носеше дресот на германски Хофенхајм, а во родниот Бразил дресот на Фигуеиренсе.