Уште еден спектакуларен трансфер е во план ова лето.
Угледниот „Билд“ ја пренесува веста дека Баерн стапил во контакт со Сади Мане и неговиот агент за можен трансфер.
Веќе се зборуваше дека Сенегалецот би можел да си замине од Ливепроол ова лето, Барселона беше во комбинациите, но Баварците утрово ги остварија првите официјални контакти.
Угледен германски весник наведува дека контактот со Мане значи и евентуално заминување на Левадовски од Баерн, кој беше и на мета на Барселона.
Детали за евентуален трансфер не се објавени, но сигурно е дека Баерн го чекаат многу играчки промени во текот на летото, особено по неуспехот во Лигата на шампионите оваа сезона каде во четвртфиналето беше елиминиран од Виљареал.
Јирген Клоп изјави дека Садио Мане останува во Ливерпул и дека не се зборува за трансфер, но се чини дека Баерн прави потег кој би го „омекнал“ Клоп, би ги задоволил финансиите на Манеа и би ја наполнил касата на „црвените“, бидејќи сенегалската ѕвезда со Ливерпул има договор до летото 2023 година.