Манчестер наскоро би можел да остане без Маркус Рашфорд.
Имено, Рашфорд не е во сериозните планови на тренерот Ралф Рагник и се почесто се зборува за негово заминување.
Каталонскиот Ел Национал пишува дека Барселона сака да го доведе и дека трансферот би можел наскоро да се реализира.
Оваа сезона Рашфорд запиша само 565 минути, постигнувајќи три гола и една асистенција, што е далеку од очекуваниот учинок.
Ел Национал проценува дека Јунајтед за услугите на младиот фудбалер би барал 70 милиони евра, што секако ќе биде можен проблем при трансферот.
Претходно англискиот тим ги отфрли сите интереси за Рашфорд, сметајќи дека тоа ќе биде многу важен лост во тимот, но очекувањата не се исполнија.