Фудбалерите на Барселона вечерва ќе играат против Динамо во Киев, а Лионел Меси нема да биде во тимот.
Роналд Куман реши да ги остави Меси и Френки де Јонг во Барселона и со тоа да ги одмори од долгото патување во Украина.
Но, Меси се најде во центарот на вниманието на јавноста по вчерашниот тренинг пред патувањето во Киев. Како што веќе напишавме, тој изгледаше прилично тажен и осамен и очигледно не беше расположен за дружење.
Медиумите во Шпанија сега објавија видео од тренингот, кое покажува дека Меси го одработи целиот тренинг сам, и дека скоро и да не разговарал со другите соиграчи.
https://twitter.com/MessiScored/status/1330910398829244420