Кристијано Роналдо имаше добра сезона на индивидуален план, но не успеа да му помогне на Манчестер Јунајтед да ја оствари целта, а тоа е пласман меѓу четирите најдобри екипи во Премиер лигата.
Одличниот Португалец во последното издание на англиското првенство постигна 21 гол на 30 натпревари, но неговата иднина е доведена во прашање.
Португалецот многумина го сметаат за најдобриот играч во историјата на фудбалот, а доказ за тоа се неговите настапи во Лигата на шампионите.
Неговото отсуство од најважното меѓуклупско натпреварување би можело да го поттикне да си замине од Манчестер Јунајтед, а информациите во медиумите говорат за претресите на неговиот агент Жорге Мендеш, кој веќе разговарал со неколку клубови.
Меѓу нив е и Баерн Минхен, но одговорот на Германците беше јасен. Баварците не сакаат да го доведат Кристијано Роналдо, а за таа можност во моментов не ни разговарале, пишуваат германските медиуми.
Со текот на времето, поранешниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, дури отфрли „џиновски“ трансфер како Роналдо, главно затоа што би чинел многу пари, а баварскиот клуб сака да остане доследен на своите принципи.
Да потсетиме, Баерн има многу проблеми ова лето, бидејќи Роберт Левандовски изрази желба да го напушти клубот една година пред истекот на неговиот договор, па ќе видиме дали клубот ќенајде замена, дали воопшто, или ќе биде пополнет од еден од играчите кои веќе се таму.