Како опасен вирус, така се прошири веста за заминувањето на Модриќ од Реал во Интер. Информацијата изворно тргна од италијанскиот „Sky Sports“, а набрзо потоа ја пренесоа и многу други европски медиуми.
Шпанска „Мarca“ тврди дека од целава работа нема ништо, додека италијанските медиуми тврдат дека работата е завршена и дека агентите на Модриќ и претседателот на Интер веќе се состанаа и ги започнаа преговорите.
Реал претходно даде до знаење дека сака да се ослободи од играчите кои се „во години“ и сака да се обиде со младите генерации, па така го пуштија Кристијано Роналдо во Јувентус, а истото би можело да се случи и со Модриќ.
Модриќ моментално е во врвна форма, прогласен е за најдобар играч на Светското првенство, тешко е да најде подобар играч од средниот ред од него, три пати по ред ја освојува Лигата на шампионите, предводник е на моќниот Реам Мадрид, има уште многу епитети, но фактот дека Модриќ влегува во години каде формата почнува полека да паѓа, а тоа е идеално време за продажба.
Дека навистина нешто се „крчка“ сведочат и кладилниците. Имено коефициентот на трансферот на Модриќ во Италија драстично падна од 10.00 на 6.00.
Реал се уште ги нама демантирано гласините за трансферот, ниту пак Интер, а ни Модриќ се уште не се огласил.