ФУДБАЛ

Се појави светло на крајот од тунелот: Барселона конечно ќе се ослободи од „натрапникот“

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта не крие дека главната цел е клубот да се обиде да продаде неколку играчи во јануари.

Познато е дека Барселона е во финансиска криза, и дека не може да донесе некое звучно засилување додека не се спасат неколку играчи.

Целта на Лапорта на почетокот на јануарскиот преоден рок ќе биде да се обиде да продаде неколку првотимци, а прв на трансфер листата е Сергино Дест, кој Чави веќе го отпиша.

На трансфер листата се очекува да се најде и Самуел Умтити, кого Барселона со месеци се обидува да го продаде, но без успех.

Сепак, како што утринава објави Мундо Депортиво, се чини дека на крајот од тунелот се појави светло што се однесува до Умтити, а како што стојат работите, францускиот дефанзивец конечно би можел да ја напушти Барса во јануари.

Бенфика повторно покажа интерес за Умитити, како и ова лето, но Французинот потоа ја одби можноста да се пресели во португалскиот клуб.

Но, „Мундо Депортиво“ пренесува дека ситуацијата сега е поинаква и дека Умтити нема ништо против кариерата да ја продолжи во Бенфика. Клубот од Лисабон сака да ја засили одбраната пред продолжението на сезоната и прв на листата на желби е Умтити.

Се очекува Барселона за Умтити да бара околу 15 милиони евра колку што Бенфика беше подготвена да плати летово.