Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.
Аргентинецот одбележа една фудбалска ера, но и ера на Барселона каде ги собори сите рекорди, а денес е член на ПСЖ.
Како млад, Меси играше за Њуелс Олд Бојс од каде пристигна во Барселона како 14-годишник.
Токму аргентинскиот тим објави интересно видео на социјалните мрежи каде тогаш натпреварот го играл 13-годишниот Меси, а по натпреварот го имал и првото интервју во животот.
Видеото брзо стана хит на интернет, а фановите ги интересираше како изгледа првото дружење на младиот Меси со новинарите и камерите.
🎙️🐐 𝙏𝙝𝙚 𝙛𝙞𝙧𝙨𝙩 𝙬𝙤𝙧𝙙𝙨 𝙤𝙛 𝙖 𝙮𝙤𝙪𝙣𝙜 𝙂𝙊𝘼𝙏
A young Lionel Messi speaks after a goalscoring performance for Newell's Old Boys. This may be his first ever post-match interview. #Newells pic.twitter.com/wWI3o6kUZL
— Newell's Old Boys – English News (@Newells_en) November 5, 2021
На тој натпревар во 1999 година, Меси го постигна вториот гол за Њуел Олд Бојс, а помошник му беше Федерико Росо, играч кој најмногу кариерата ќе ја гради во Аргентина, но и играч кој дел од кариерата мина на Апенините во дрес на Бреша.
Лионел Меси одигра 520 натпревари во дресот на Барселона, постигна 474 гола, додека за селекцијата на Аргентина собра 156 настапи со 80 погодоци, а шест пати го освојуваше престижниот лауреат „Златна топка“ за најдобар фудбалер на светот.