Ливерпул не се прослави оваа сезона со своите настапи во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
„Црвените“ немаат шанса да ја одбранат титулата во Англија, а во Лигата на шампионите беа елиминирани во четвртфиналето.
„Енфилд“ веќе размислува за нова сезона, а денес се појавија фотографии од дресови на Ливерпул за следната сезона.
Footy Headlines традиционално објавува фотографии од дресови на клубови за новата сезона и тие ретко прават грешка.
Овој пат тие успеаја да добијат фотографии од првиот сет на дресови кои Најк ги подготви за „црвените“ во новата сезона.
Сепак, навивачите на Ливерпул не се многу воодушевени од тоа како изгледа овој дрес, а своето незадоволство го покажаа на Твитер.
https://twitter.com/AT_1991/status/1390344857865138177
https://twitter.com/c_jones876/status/1390343468988473347
https://twitter.com/ChimmyTap/status/1390359236278849536
Најк и Ливерпул неодамна започнаа спонзорство кога беше потпишан долгорочен договор, но се чини дека американската компанија веќе успеа да ги разочара фановите со дизајнот што изгледа толку „обичен“:
Некои навивачи дури рекоа дека новиот дрес на Ливерпул наликува на дресовите на Рома, и дека Најк итно треба да го смени дизајнот.
Nike is awful.This is Roma not Liverpool
— Δημητρης Καλογεράκης (@DIMITRISYNWA) May 2, 2021