На интернет се појавија нови фотографии на кои се гледа како Нејмар на рана возраст престојува во Мадрид на проба.
Нејмар во 2006 година отпатува во шпанската престолнина на проба во Реал Мадрид на 14-годишна возраст. Поминаа три години пред да дебитира за сениорите на Сантос.
Реал тогаш му понуди долгорочен договор на Нејмар, но наместо да потпише за Реал, тој реши да остане извесно време во Сантос. Тоа беше совет од татко му и мислеше дека е премногу рано да го напушти семејниот дом и да замине во Европа.
Тој дебитираше за првиот тим на Сантос во 2009 година, пред да се пресели во Барселона во 2013 година за огромни 86,2 милиони евра. Подоцна за неверојатни 222 милиони евра премина во ПСЖ чиј член е се уште.

Шпанскиот спортски весник АС сега објави серија фасцинантни слики од пробата на Нејмар во Мадрид. Едниот покажува слаб млад човек кој позира во дресот на Реал, додека на другиот е насмеан со својот татко на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.
Во Реал беа фасцинирани од неговите играчки квалитети иако имаше само 14 години и правеа се за да го убедат да остане во Мадрид, но од самиот почеток беше решен да остане во Бразил уште неколку години, за да го избере лутиот ривал на Реал. Тимот на Барселона.
Во дресот на Барселона одигра 186 натпревари и постигна 105 гола и освои две титули во Ла Лига и Лигата на шампионите. За Бразилецот можеше да биде сосема поинаква приказна, доколку порано во кариерата дојдеше во Реал Мадрид.
Поранешниот тренер на Реал Мадрид, кој работеше со Нејмар за време на неговиот привремен престој во Мадрид, откри колку Бразилецот бил блиску до потписот за кралевите.
„Отидов во соблекувалната да се сретнам со детето, како што правевме со сите. Пристигна мало и слабо дете со избричена глава. Првото нешто што ми го привлече вниманието беше фактот дека тој беше толку мал и слаб, а потоа видовме дека има исклучителни квалитети. Кога првпат ја допре топката, се ни беше јасно. Сите беа свесни дека тој е интересен играч за иднината на клубот. Мислам дека Реал Мадрид му даде многу добра понуда. Велат дека татко му ја добил таа понуда и им рекол на оние во Бразил: „Тука сме на Бернабеу и ни ги понудија овие услови, па ќе разговараме и ќе се обидеме да ги подобриме“. Знам и дека претседателот на Сантос беше загрижен дека ќе го загуби Нејмар, па разговараше со својот татко и му беше ветено дека Нејмар ќе се врати во Бразил и дека неговото семејство ќе добие стан“, изјави неименуваниот тренер за Марка.
