Спортската јавност синоќа беше шокирана од веста дека легендарниот Тајгер Вудс доживеал тешка сообраќајна несреќа.
Вудс доживеа несреќа во Лос Анџелес кога изгуби контрола над возилото и излета од патот, превртувајќи се неколку пати.
За среќа, Вудс успеа да ја преживее несреќата, но со сериозни повреди. Тој бил брзо пренесен во болницата каде веднаш бил опериран, а неговиот тим потврдил дека се здобил со тешки повреди на десната нога.
Операцијата помина добро и Вудс комуницираше со лекарите по операцијата. Но, јасно е дека го чека долго закрепнување и дека нема да го гледаме толку брзо на патеката со голф-клуб.
Исто така, на социјалните мрежи се појави фотографија за тоа како изгледа автомобилот по несреќата, а јасно е дека внатрешноста на автомобилот го спасила од смрт затоа што Genesis GV80 има дури десет заштитни перници во случај на вакви несреќи.
