ФУДБАЛ

Се појавија пораките кои Роналдо ги размени со славниот тренер: „Дали си подготвен да ме тренираш?“

Кристијано Роналдо (37) летово беше поврзуван со бројни европски клубови.

Кристијано, според пишувањата на огромен број спортски медиуми од Стариот континент, имал намера да го напушти Манчестер Јунајтед, но на крајот тоа не се случи.

Преку својот агент Жорге Мендеш, Португалецот ги понуди своите услуги на Челзи, Баерн, Спортинг и тимот на Наполи. Сепак, трансферот не се реализираше.

Роналдо беше подготвен да оди во Наполи. Амазон ги објави наводните пораки кои Португалецот ги разменил со тренерот на овој клуб Лучијано Спалети.

„Сакаш да ме тренираш? Дали си подготвен за тоа?“, е наводната порака што Кристијано Роналдо му ја испратил на Лучијано Спалети.

Одговорот на искусниот тренер беше очекуван. Беше подготвен да го чека легендарниот напаѓач.

Подготвен сум. Доколку дојдете, ќе ми биде голема чест“, беше одговорот што го испрати Спалети.

На крајот немаше соработка. Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис тврди дека немало преговори околу ангажманот на Роналдо и 37-годишниот фудбалер останал во Манчестер Јунајтед.

А на Олд Трафорд Португалецот навистина се мачи. Сезонава стартуваше на само два натпревари и се уште е без гол или асистенција.

Сепак, треба да се напомене дека Роналдо не ги мина подготовките со остатокот од тимот. Тој се приклучи непосредно пред почетокот на првенството, а можеби и тука треба да се бараат причините за неговата нешто полоша форма.