ФУДБАЛ

„Сè потсетува на 1974 година, Манчестер Јунајтед би можел да испадне!“

Прославениот англиски селектор Сем Алардајс смета дека Манчестер Јунајтед дури би можел да испадне од лигата.

Алардајс во својата кариера има тренирано на многу англиски тимови, како што се Евертон, Сандерленд, Кристал Палас, Вест Хем, Блекбурн, Њукасл, Болтон … И како таков, тој е високо ценет на Островот, а во анализата за оваа сезона во Премиер лигата ги загрижи навивачите на Јунајтед, велејќи дека „Црвените ѓаволи“ може дури и да испаднат ако продолжат да „играат“ вака.

Солскјер е под голем притисок од почетокот на сезоната, а по поразот во Кристал Палас, Вест Хем и Њукасл, Јунајтед го имаа најлошиот старт на сезоната во последните 30 години. Алардајс гледа сличности со 1974 година, кога Јунајтед испадна од Премиер лигата.

„Тогаш тие имаа одличен тим пол со хартија, и тие испаднаа. Доколку немате самодоверба и повредите продолжат да се редат, Јунајтед би можел да доживее слична судбина оваа сезона. Играчите обично не можат да бидат способни кога оваа ситуација е факт. Кога ќе оди добро, играчите „летаат“, кога тоа не се случува, тогаш тие губат и им недостасува сила, мотив, енергија, самодоверба … “, рече Алардајс.

„Манчестер Јунајтед не постигнува многу голови. Тие се борат. Тие се чувствуваат како да страдаат. Пол Погба сака да си замине и тоа е дополнителен проблем. Исто така на клубот му фали вистински голман …“, додаде англискиот стручњак.

И покрај сето ова, Солскјер не губи надеж и верува дека ќе дојдат подобри времиња по паузата за репрезентативните обврски и дека играчите ќе имаат многу време да се вратат со мирни глави и да играат многу подобро отколку во последните недели.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига