Шпанскиот репрезентативец Дани Олмо во јануари би можел да ги напушти редовите на Лајпциг.
Имено, според шпанските медиуми, Барселона сака со сите сили да го доведе Олма во јануари, а челниците на овој клуб се подготвени во наредните денови да стапат во контакт со неговите агенти за да разговараат за трансферот.
Наводно немаат ништо против заминувањето на Олмо и во Лајпциг, но очекуваат силна финансиска понуда и тоа може да биде најголемиот проблем за реализација на трансферот.
Пазарната цена на Олмо е околу 60 милиони евра и толку се подготвени во Барселона да му понудат на германскиот клуб, кој пак очекува 15 милиони повеќе.
Да додадеме дека со нетрпение го очекуваат и трансферот на Олмо во неговиот поранешен клуб Динамо, со оглед на тоа што актуелниот хрватски шампион има право на 20 отсто од договореното обештетување.
Дани Олмо е дете на Барселона. За младинските селекции на овој клуб настапуваше во периодот од 2007 до 2014 година кога замина во Динамо Загреб.
Одењето во Хрватска се покажа како вистински потег. Во дресот на Динамо, Олмо експлодираше и минатата година замина во РБ Лајпциг.
23-годишниот играч и претходно беше поврзуван со Барселона. Сепак, тој реши да оди чекор по чекор, но очигледно е дека на крајот сепак би можел да игра во дресот на каталонскиот великан.