ФУДБАЛ

Се шпекулираше дека поради Меси, Мундијалот го гледалше на телевизија, но Икарди не се грижи за тоа

Мауро Икарди, капитенот на Интер, ужива во одличниот почеток на сезоната. Тој се запиша во стрелците во првите два натпревари во Лигата на шампионите и повторно се најде во репрезентацијата на Аргентина.

Во интервју за ESPN зборуваше за Лионел Меси, кој многумина веруваат дека нема да игра за националниот тим, но, исто така и за неговото враќање во редовите на гаучосите.

Иако се шпекулираше дека Икарди поради Лионел Меси не го најде своето место во репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Русија, напаѓачот на Интер очигледно ништо не му замери на сонародникот и сака и тој да се врати во националниот тим.

“Меси мора да се врати. Ние ќе играме на Копа Америка следната година и а јасно е дека тој мора да се врати во националниот тим”, рече Икарди и додаде:

“Јас сум многу среќен што се вратив во националниот тим. Бев и порано тука и сега имам нова можност. Како што е случај со клубот и на националниот тим ќе се обидам да сторам сé што е побарано на тренерот. Сакам да играм што е можно подобро и да сторам се најдобро за мојата земја. ”